Утрински Весник
Спорт

Прва контрола за македонските ракометари – противник Хрватска

Image 2025 12 28 094629651.png

Македонската ракометна репрезентација вечерва од 20:30 часот во Пореч против Хрватска го игра првиот контролен натпревар во пресрет на Европското првенство 2026. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров веќе трет ден се во Хрватска, каде го одработуваат вториот дел од подготовките.

Според првичниот договор со домаќинот Хрватска ќе биде одигран еден натпревар, а потоа националниот тим уште два дена ќе тренира во Пореч. Во Хрватска на подготовки се 20 ракометари.

По кусата пауза за Новогодишните празници македонската репрезентација во Скопје ќе ги продолжи подготовките кога ќе биде комплетна со приклучувањето на голманот Мартин Томовски, кој има обврски во Бундес лигата.

До почетокот на шампионатот македонските ракометари ќе учествуваат на турнир во Швајцарија, каде ќе одиграат три натпревари против домаќинот, Бахреин и Украина. На Европското првенство Македонија е во група со Данска, Португалија и Романија. 

Можете да прочитате

Рекордна победа на Словенката Превц во скијачки скокови

Неизвесно одржувањето на две трки во Ф1

Иранската државна телевизија ги прогласи фудбалерките за предавници