Утрински Весник
Спорт

Прв трофеј за Алкараз на Ролан Гарос

Befunky 2024 5 0 19 57 5.jpg

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз вечерва го победи Германецот Александар Зверев во финалето на Отвореното првенство на Франција со 3:2 (6:3, 2:6, 5:7, 6:1 и 6:2).

Мечот траеше 4 часа и 20 минути.

Шпанецот сервира три асови, направи шест двојни грешки и реализира девет брејк топки од вкупно 16 шанси. 

Зверев имаше осум ас сервиси, шест двојни грешки и шест реализирани брејк топки од вкупно 23 можности.

Алкараз за прв пат во кариерата го освои Ролан Гарос. Претходно ги освои УС Опен (2022) и Вимблдон (2023). Шпанецот ги освои сите три Грен слем финалиња во кариерата на кои беше учесник.

Зверев вторпат во кариерата стигна до финале на Грен слем турнир и повторно загуби. Во 2020 година, тој загуби од Доминик Тим во финалето на УС Опен.

Вкупниот награден фонд на Грен слемот во Париз изнесуваше 53,5 милиони евра.

Можете да прочитате

Едмонтон стана првиот тим од 1945 година кој се врати од 0:3 во финалето на Стенли купот

Албанската фудбалска федерација жали за однесувањето на Даку

Бријаторе се враќа во Формула 1