Утрински Весник
Македонија

Прв пловен базар на Струшкото крајбрежје

Ploven bazar uchesniczi.jpg

Во организација на здружението за афирмација на културата ИНКА, во соработка со Europe House Struga и спортски клуб Соларис денеска во водите во Охридското Езеро во Струга ќе се одржи првиот пловен маркет – Lakescape!

На настанот, како што информираат организаторите, ќе учествуваат локални занаетчии, дизајнери, фуд-креативци…., како и дизајнери од меѓународната резиденција – Linnéa Ekelöf, Marianne Hellman, Hajnal Gyeviki…


– На настанот, кој ќе започне од 17 часот кај платформата на Пливалиште, неколку локални артизани и учесниците од меѓународната резиденција, ќе впловат во езерото и ќе ги преселат своите дуќанчиња во чамци, за да се здружат со него и заедно да промислуваат нови креативни можности за симбиотична и одржлива соработка помеѓу човекот и животната средина, соопшти организаторот.

За, како што го нарекуваат, несекојдневното искуство, кое треба да придонесе кон одржливост на креативната крајезерска заедница, организаторите обезбедиле превоз до пловниот маркет – со кајак и СУП даски.

Со тестирање на пловен базар, во езерските води во Струга, посочува организаторот, ќе биде заокружена меѓународната резиденција Lakescape, дел од истоимениот проект кој се спроведува на бреговите на трите големи Европски езера: Ванерн – Шведска, Балатон – Унгарија и Охридското Езеро во Македонија. Пловниот базар Lakescape е финансиски поддржан од Европската Унија, преку програмата на Креативна Европа и Министерство за култура и туризам.

Можете да прочитате

УЈП казни речиси 300 угостителски објекти по контроли во трговски и туристички објекти низ државата

Лишена од слобода лекарка од Битола заради примање поткуп

Зголемени платите на пожарникарите во Струмица: Од сега ќе заработуваат 80.000 денари