Утрински Весник
Свет

Прв пациент од Србија прима руска персонализирана вакцина против рак

Vakcina.jpg

Руското Министерство за здравство пред скоро ја одобри примена на персонализираната mRNК вакцина против рак кај пациент. Со овој чекор започна нејзината официјална клиничка употреба.

Во Москва пристигнал и првиот пациент од Србија, кој боледува од малиген меланом, што ја вброи Србија меѓу првите земји чии пациенти се упатени на оваа иновативна терапија.

Како ќе изгледа неговото лекување и што претставува персонализираната вакцина, објасни професор д-р Владимир Јаковљевиќ од Факултетот за медицински науки во Крагуевац, кој е и визитинг професор на Сеченов универзитетот во Москва.

Професор од факултет за медицински науки во Крагуевац, појаснува дека руските здравствени институции одобриле примена на mRNК вакцината за пациенти со малиген меланом, како и употреба на пептидна вакцина развиена од истражувачки тим со кој тој работи во рамките на Сеченов универзитетот, наменета за карцином на дебело црево.

Можете да прочитате

Си му порача на Трамп: Враќањето на Тајван е клучно за повоениот поредок

Трамп: Имав многу добар разговор со Си Џинпинг

Пуштена во продажба книгата „Итака“ на поранешниот грчки премиер Ципрас