Утрински Весник
Македонија

Прстот за бегството на Рамадани вперен во Тошковски – со службено возило и без проверка на граница спроведен во Косово

Ramadani Blerim 749x450 1 585x351 1 1.png

Се расплеткува скандалот со бегството на Блерим Рамадани, а прстот за кривицата се вперува во министерот за внатрешни работи Тошковски. Како што објавија од СДСМ, Рамадани ја напуштил државата со службено возило на државна институција, управувано од човек вработен во институциите и без никаква контрола на границата.

„Дали ова не значи дека не станува збор за бегствто, туку организирано пуштање на затвореникот во Косово во кое учествувале македонските институции? Дали ова не е всушност партиско полициска организирана шема? Го прашуваме Тошковски, дали е можно човек баран со меѓународна потерница буквално да се шетал преку границата два пати додека де факто е во притвор кој треба да го обезбедува МВР?“ запраша пратеникот Митко Трајчулески на прес-конференција.

Тој исто така праша дали четири дена претходно, на 10 август, кога Рамадани требало да биде во притвор, тој всушност си бил во Косово.

„Дали е точно дека на тој ден околу 18 часот и 40 минути, Рамадани со возило, без да биде застанато на границата, бил однесен на Косово и доцна вечерта вратен во куќниот притвор во Македонија? Потсетуваме дека ги имаме деталите и секоја лага на Владата и институциите во однос на ова е кривично дело“ рече Трајчулески.

Од партијата наведоа дека ги имаат сите информации во врска со скандалот и дека ќе ги објават доколку институциите не одговорат што точно се случило.

„Денеска го прашуваме Тошковски, ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН, и им даваме можност сами да излезат во јавноста со фактите, а потоа да започне процес на истага и оставки од сите вклучени во скандалот со бегството на Блерим Рамадани“ рече Трајчулески.

Претходно СДСМ објави, а Тошковски потврди дека претседателот на Собранието, Африм Гаши со службено возило бил на свадба во Косово, а покрај него, границата непроверени ја поминале уште две приватни возила, дел од свадбената делегација.

Можете да прочитате

Уништување на македонското знаме предизвика бурни реакции во јавноста

СДСМ најостро ги осудува инцидентите и сквернавењето на македонското знаме

ВМРО ДПМНЕ: Арсовска е креаторот и изворот на хаосот во јавните претпријатија и во Градот Скопје