Утрински Весник
Спорт

Прстените на воините имаат тајна преграда, дијамантите ги собирале низ целиот свет

Прстените на воините имаат тајна преграда, дијамантите ги собирале низ целиот свет

Пред да ги победат ЛА Лејкерс со 123:109 во првиот натпревар од новата сезоната во НБА, играчите на Голден стејт Вориорс ги добија наградите за шампионската титула од минатата сезона на церемонијата во Чејс центарот, под чиј покрив беше подигнато седмото шампионско знаме. За Стивен Кари, Клеј Томпсон, Дрејмонд Грин и Андре Игудала тоа е веќе четврти шампионски прстен. Четвртата титула како тренер освои и Стив Кер, кој претходно како играч пет пати беше шампион во НБА лигата.

dobivaj vesti na viber

Прстенот е ултимативната награда во НБА, иако не е практичен за носење поради неговата големина и тежина. Секоја година прстените изгледаат различно, со детали специфични за нивните освојувачи, играчите, клубот, градот…Овогодинешните прстени за Вориорс, како и оние од 2015, 2017 и 2018 година, ги изработи познатата златара Џејсон од Беверли Хилс.

Овогодинешниот прстен содржи 16 карати со жолто-бели дијаманти што ги симболизира 16. победи во плејофот. Седум карати жолти дијаманти исечени на рабовите ги претставуваат седумте титули на Вориорс, а 43.те багети на логото на мостот Голден Гејт се во чест на 43.те поени на Стеф Кари во натпреварот број 4 од финалето против Бостон.

Своето место на прстенот го најдоа и Селтикси, во форма на специфичениот паркет во нивната сала, каде што Вориорс ја прославуваа титулата. На прстенот се прикажани контурите на Чејс центаротr во Сан Франциско, како и стариот Оракл центар во Оукленд, каде оваа генерација ги освои првите три титули.

Изгравирани се и резултатите од сите четири серии кои Вориорс ги освои во плеј-офот минатата сезона, како и седум трофеи на Лери О’Брајан и мотото на тимот „Само ние“.

Посебен новитет е тајната преграда која ја открива колекцијата на трофеи на секој играч, што значи дека гореспоменатите четворица имаат четири (Кари, Томпсон, Грин, Игудала), Кевон Луни има три, а сите останати имаат по еден прстен.

Направени се вкупно 65 прстени за играчите, тренерите, членовите на одборот и други, а за изработка на секој од нив биле потребни помеѓу 40 и 50 часа. ЕСПН, пишува дека златарите имале посебни проблеми со ретките жолти дијаманти, до кои е уште потешко да се дојде поради трговското ембарго поради војната во Украина, па ги собирале во Белгија, Израел, Индија и Канада.

 

Можете да прочитате

„Хет-трик“ на Меси за 11 минути: Њу Ингланд го налути Аргентинецот

Синер го победи Алкараз и го освои егзибицискиот турнир во Саудиска Арабија

Српски фудбалер Гудељ кој за малку ќе умреше на теренот: „На трибините имаше Божји ангел!“