Утрински Весник
Македонија

Проверувајте ги сметките: До крајот на годината работодавачите треба да исплатат К-15 – право загарантирано со ОКД

D3kyfmw3hwktoogeq3ri.jpg

Сојузот на синдикати на Македонија потсетува дека до крајот на годината на работниците треба да им се исплати регрес за годишен одмор што е регулирано со Општиот колективен договор за јавниот сектор и со Општиот колективен договор за приватниот сектор.

– Како репрезентативен синдикат во јавниот сектор, минатата 2023 година го потпиша Општиот колективен договор за јавен сектор со кој по подолг временски период покрај другите права го обезбеди и правото на регрес за годишен одмор за сите вработени во јавниот сектор. Во таа смисла потсетуваме дека ова право треба да им се обезбеди на работниците до крајот на годината, за што всушност Владата на својата последна седница донела одлука дека целиот јавен сектор треба да исплати регрес за годишен одмор за вработените, а работодавачите потребно е да ја почитуваат во целост, информираат денеска од ССМ.


Оттаму нагласуваат дека имплементацијата на Општите колективни договори за приватен и за јавен сектор потпишани од ССМ е задолжителна.

Можете да прочитате

Петрушевски: Артан Груби и СДС правеле притисоци врз судството, се носеле одлуки по диктат

Муцунски: Фрчкоски сторил штета од шест цифри во евра, информациите се многу загрижувачки

СДСМ: Власта го окупира судството-избран е првиот судија од тефтерчето на Мицкоски