Утрински Весник
Магазин

Прототип од иднината: Истражувачите создадоа технологија која би можела да го замени користењето на батерии

Image 1461052774 23.jpg

Истражувачите од Националниот универзитет во Сингапур создадоа иновативен прототип кој може да го отвори патот кон иднина без батерии. Иако безжичното полнење на уредите веќе не е новост, оваа технологија оди чекор подалеку со можноста да се користат уреди без потреба од батерија.

Тимот на научници разви модул кој собира енергија од амбиенталните радиофреквенциски сигнали и ги претвора во DC напон, што може да напојува мали електрични уреди. Оваа нова технологија може значително да ја намали зависноста од батерии, да го продолжи животниот век на уредите и да го намали влијанието врз животната средина.

Сепак, ваквите технологии се соочуваат со предизвици поради ниската моќност на амбиенталните сигнали. За решавање на овие проблеми, истражувачите, во соработка со колеги од Јапонија и Италија, развија нано-исправувач кој може да конвертира сигнали со моќност помала од -20 dBm во DC напон.

Оваа технологија, чиј резултати беа објавени во престижното списание „Nature Electronics“, може да отвори нови можности за развој на самоодржливи паметни системи и безжични технологии на иднината.

Можете да прочитате

Викенд предизвик: ѕвездите носат јасност и храброст

Светската DJ супер-ѕвезда HUGEL пристигнува во Скопје за спектакуларна ноќ во Арена „Борис Трајковски“!

Суеверие старо со векови: Зошто петок 13-ти ги плаши луѓето ширум светот