Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Протести во Приштина поради силување на 11-годишно девојче

Протести во Приштина поради силување на 11-годишно девојче
Img 7972

Илјадници граѓани на Приштина излегоа на улиците поради случајот со силување на 11-годишно девојче во Косово, пишува „Еуроњуз“.

dobivaj vesti na viber

Злосторството се случило во саботата кога пет лица силувале 11-годишно девојче од Приштина. Косовските медиуми јавуваат дека девојчето било силувано од 17:30 до 00:30 часот во еден од градските паркови.

Судејќи по фотографиите на социјалните мрежи, црвена боја е фрлена на седиштето на косовската влада и Министерството за правда. Демонстрантите бараат смртна казна за сторителите.

Еден од силувачите има 26 години, другите се малолетни

Еден од осомничените за силување е 26-годишниот Екрем Реџепи. Приведени се и неговиот малолетен брат и уште тројца малолетници.

На четворицата уапсени им е изречен едномесечен притвор, а одлуката за петтоосомничениот треба да биде објавена денеска.

Шефот на косовската полиција поднесе оставка поради овој случај

Протестите во Приштина беа организирани од невладини организации кои се занимаваат со заштита на жените во Косово. Една од организаторите, Трина Бинаку, рече дека силувањето на 11-годишно девојче е симбол на косовскиот „патријархален систем“.

Бинаку рече дека протестите ќе продолжат се додека владата не воведе ефективни мерки за казнување на родовото насилство.

Шефот на косовската полиција во средата поднесе оставка поради, како што вели, професионалната совест во врска со овој случај.

Можете да прочитате

Уапсен руски милијардер поради серија убиства

Тунижанец осуден на смрт поради статус на Фејсбук

Трамп му даде ултиматум до Хамас до недела во 18 часот