Утрински Весник
Балкан

Протести низ Србија по насилството врз студенти во Нови Сад

Zname na srbija.jpg

Вечерва се најавени протести во повеќе градови низ Србија. Повикот за излегување на улица доаѓа од студенти и граѓански иницијативи, како реакција на нападите врз студентите од страна на поддржувачи на Српската напредна странка.

Граѓаните на Нови Сад повикаа на протестен собир во 18:00 часот на Театарскиот плоштад.

Организаторите наведуваат дека сакаат да им дадат поддршка на студентите кои, како што велат, веќе 15 месеци водат борба, а наместо дијалог добиваат закани и насилство.

Студентите во блокада најавија собирање на две локации во главниот град – кај Ушќе и на улицата Кнеза Милоша. Протестот ќе се одржи под слоганот „Белград не молчи“.

Според објавените фотографии и пораките на социјалните мрежи, собирот е директна реакција на насилството врз нивните колеги во Нови Сад.

Протест со истото име е најавен и во Ниш. Граѓанските хорови ги повикаа сограѓаните да излезат во 18:00 часот со пораката „Нови Саде, ние сме со тебе“.

Студентите од Краљево исто така повикаа на протест на солидарност поради, како што велат, насилството и неодговорот на полицијата за време на нападот врз нивните колеги.

Можете да прочитате

Бугарија достави писмо до Советот на Европа за насилство и говор на омраза против бугарската заедница во Македонија

Протест во Косово против судењето на командантите на ОВК

РСС одбележа 18 години: Од градење соработка кон стратешка регионална акција