Утрински Весник
Економија

Протест на ССМ на 28 јануари

616791501 1496346452497147 6162701213167566422 n.jpg

Претседателот на Советот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов изјави дека ССМ донел одлука за протест во среда на 28-ми јануари. Порача дека е време работниците да се изборат за достоинствени плати.

-Го повикуваме сите работници кои ги лажеле нивните газди, директори, менаџери, премиери, министри, дека ќе им ги зголемат платите, а не го сториле тоа, да ни се придружат на улица затоа што тие до 31.12 не се договорија за тоа и со потсмев им кажаа на работниците да седнат со газдите и да се договорат. Повикуваме на протест затоа што прагот на сиромаштија е 31 илјада и 200 денари. На секој еден работник му е потребно зголемување на платата, ама не за 25 евра како што се функционерите се фалат дека ќе ги усогласат платите, ама не сега, туку во март, кажа Трендафилов на прес-конференција.

Тој укажа дека „седењето дома дава поддршка на политиката на ниски плати и тежок работнички живот“. Трендафилов најави дека ова е првиот чекор од низата во наредниот период, а кои ќе значат: „дополнителни протести и блокади, генерален штрајк во јавниот сектор, а доколку немаат слух ќе им собереме и 10 илјади потписи и ќе станеме овластен предлагач на законите – ќе побараме намалување на функционерските плати за 78% и зголемување на минималецот на 600 евра“.

Можете да прочитате

Стандард и Пурс: Претпазлива монетарна политика, како поддршка на стабилноста на цените и девизниот курс

Азески: Новите правила за влез во шенген зоната ни создаваат сериозни проблеми, од понеделник реакции во сите погодени земји

Муратовска: Ако Брисел ги исполни барањата на превозниците, ќе има огромни придобивки за развој на економијата и во државата и во Западен Балкан