Утрински Весник
Македонија

Простор за подем или конечен пад на една социјална демократија

Ivan Anastasovski.jpg

Пишува: Проф д-р Иван Анастасовски

Социјалната демократија има за цел да создаде подемократско и посоцијално општество, таа се базира на три основни темелни вредности: слобода, праведност и солидарност. Повеќе генерации, инкорпораирани во таа идеја во еден релативно подолг период, беа подложени на создавање свест за егалитарно „праведно“ општество на рамноправни луѓе, општество со кое тие луѓе сами ќе управуваат, свест на една друга димензија, една зададена историја, сегашност и иднина.Но, кај многумина во македонското општество таквата веќе создадена свест, како колективна свест на еден систем и едно време, остана да живее и покрај речиси целосната промена на односите во општеството. Вистина, оваа свест не опстојува како нормална свест, туку како аномична свест или кажано со обични зборови како пореметување на духовното расудување и емоционалното преживување.Јас мислам дека токму таква дефиниција може да се даде за она што сега го имаме на политичката сцена во Република Северна Македонија како понуда, т.е. силна десница која ја има комплетната власт во свои раце, и бледа анемична социјална демократија која за жал поедници ја доведоа до раб на егстистенција и на нејзино опстојување. Но за да оваа се потврди или отфрли хипотетичи ќе ни бидат од корист идните локални избори со изборниот резултат.


Дали социјалдемократската идеја или идеологија има иднина и дали има свој концепт за да опстои на политичката сцена во форма во која е сега или пак со популарноста која и е под секое ниво. Факт е тоа дека социјал-демокаратска идеја ќе опстои само преку силно етаблирање на социјлната демократија. Но, во услови на таа криза на социјалдемократската идеологија тој просорт се обидува да го завземе паријата Левица која што прогресивно од изорори на избори го билда својот политички капитал. Ако некој релано ја погледне денешната политичка мапа особено во десниот простор таму имате се и сешто, как на пример од десно ВМРО-ДПМНЕ преку етичките партии на србите, турците, ромите и бошњаците до крајно левичарските партии како што се СПМ, ЗНАМ и ПОДЕМ делува како оворена лепеза за ладење.Сепак, да се вратиме на социјлна демократија како реална потреба која како аманет ја држи СДСМ како таква а при тоа многу скромно и помагаат НСДП, (ЛДП), Партијата на Власите, Партијата на пензионерите, што укажува на тоа дека и епитетот кој го имаше СДСМ како обединувачка партија денес тоа не е, ако гледаме според бројот на партиите кој делува и звучи скромно, што и не е толку важно, но, за жал ако гледаме според содржината на групациите внатре е празно, разединето и конфузно.

Дали може СДСМ како таква да покаже големина како некогаш порано и да им подаде рака на сите кои не се сложуват со владините политики а не мора да се политички групации, и не мора да имаат симпатии кон нив, а при тоа нека остават силната критика на партијата Левица што до сега за таа партија се покажа како корисно. Но од друга страна дали може СДСМ да заигра на картата умерена опција која има за цел да го врати угледот и дигнитетот (што е многу тежок пат) на партијата преку комплетна кадровска но и реторичка политика, враѓање на интелектуалниот гард, а од друга страна дури и да инсистира кон владеачката партија да отоврат фронт проетив корупцијта и со тоа да им помогнат со сите они кои имаат соминтелни активности во СДСМ како поранешни или актуелни носители на функции да се прочистат т.е. проветрат. Во тие очекувања се оди и чекор подалеку па се смета дека опозиција мора да биде констуктор (да има конструкција спремно) на сите лоши полтики на власта (а ќе ги има) со што ќе нуди решенија за настанатите проблеми на граѓаните. Имам чувство, може и да грешам дека денешната социјл-демократската идеологија кадровско или програмско е “дежа ву“.

Тоа е навистина една непријатна состојба за сите оние млади луѓе кои денес се помалку и помалку помислуваат да се приклонат кон таа социјал–демокрска идја, оти веројатно не гледаат модерен дизајн на таа идеологија адаптирана за денешните потреби а веројатно и последниот силен изборен пораз допринел за таквиот однос на младиот човек кон прогресивна идеја која што треба да биде социјна демократија. Да ве охрабрам (не мора да прифатите) но време е сериозно да сфатите дека таа идеја во која има луѓе кои се препознаваат и реално припаѓаат време е да ги охрабрите да им понудите заедничка платформа за една вистинска социјална демократија која промовира пред се темелни но и модерни вредности а воедно ви е палтформата ви е прилагодена на новото време и на новите предизвици, заборавете на се до сега не се вртите наназад.Размислите добро и делувајте одлучно за да му покажете на електоратот дека сте подготвени да се менувате, да се прилагодувате, дека сте подготвени за нови идеи и нови рамислувања, за конкретни работи, без интриги и подметнувања кои се белег што го носите со себе како наследство од минатото.

Понудите идеи кои ќе значат прогрес, и идеи што ќе значат сигурност на вашата политичка понуда која воедно ќе биде гаранција дека ви се отстранети досегашните огромни слабости што ве правеа ранливи пред самите вас а тоа електоратот само го распозна и ви го испорача на избори, но за да не ви го испорача повторно истиот резултат размилите длобоко но без суети и без ега. Рамислите, не мора да прифатите за дизајнирање на сериозна платформа со која ќе ги дефинирате социјални мерки за подобрување на стандардот на нашите граѓани и конечно размислите за поставување на црвени линии од кои нема да се поместите за да може луѓето повторно да ве распознаат како сериозен политички фактор.

Можете да прочитате

СДСМ: ДПМНЕ да одговори кој од Белата палата се јави за да има куќен притвор за Асмир Пуцко Петрол?

„Од тато не барај пари, тој не нè сака, мама душата ќе ја даде“ му рекла Вања на Палчо, кажал Манев во првичниот исказ

УХРМ со предупредување: Ќе наврне многу дожд и ќе дува силен ветер