Утрински Весник
Спорт

Прост: Не се расправаш со Њуи, само одговараш на прашања

Прост: Не се расправаш со Њуи, само одговараш на прашања

Четирикратниот светски шампион во Формула 1, Алан Прост, зборуваше за соработката со најуспешниот дизајнер во историјата на светскиот шампионат, Адријан Њуи.

dobivaj vesti na viber

Болидите кои ги изгради Њуи освоија 23 титули во конкуренција на возачи и конструктори, а последна од нив е „RB18“ на Ред Бул, со кој Макс Верстапен и Серхио Перез остварија 17 победи претходната сезона, нов рекорд во Формула 1.

Првите титули на Њуи дојдоа со Вилијамс „FW14B“, уште во 1993 година, кога Прост ја освои својата четврта светска титула, а британскиот тим триумфираше во шампионатот за конструктори.

„Обожавав да разговарам со Адријан“, изјави легендарниот „Професор“ во серијалот „Beyond the Grid“.

„Тој секогаш ве слуша внимателно и секогаш поставува некои прашања. На секако треба да му дадете одговор. Не можеш да се расправаш со Њуи. Обично вие зборувате, тој слуша, а потоа го прави она што мисли дека е најдобро. Но, Њуи никогаш не ти кажава што ќе прави и никогаш не ти кажаува дали си во право или не. Ништо. Тој само те слуша и поставува прашања“.

На крајот, Прост уште еднаш објасни зошто му се допаѓа ваквата комуникација.

„Сето тоа навистина ми се допадна, а Њуи потврди дека е најдобар. Дали знаеш зошто? Затоа што сите мислеат дека сето тоа го прави сам, а всушност тоа беше многу повеќе од тоа. Знае да ги слуша другите, што е голема мотивација за останатите инженери со кои работи“.

Можете да прочитате

Омерагиќ официјално кандидат за претседател на ФФМ

Анчелоти стана рекордер во Лигата на шампионите

Навивач на Партизан го нападна тренерот на Олимпијакос