Утрински Весник
Економија

Просечната нето-плата во јануари 46 617 денари

Pari.webp.webp

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јануари годинава изнесувала 46 617 денари, што е повисока за 8,3% во однос на јануари 2025 година, објави Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности за 12.9 %, Трговија на големо и мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 11.1 % и Преработувачка индустрија за 10.5 %.


Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Транспорт и складирање за 7.4 %, Градежништво за 5.3 % и Финансиски дејности и дејности на осигурување за 3.8 %.

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во јануари годинава изнесувала 70 066 денари.

Можете да прочитате

Дизелот поскапува, бензинот останува ист – нова одлука на РКЕ

РКЕ го смени правилникот, може да се одлучува на дневно ниво за цените на горивата

Народната банка: Предлозите за вицегувернери се доставени, изборот е во надлежност на Собранието