Утрински Весник
Свет

Просјак од САД кој по удар од полицаец останал парализиран ќе добие оштета од 100 милиони долари

Просјак од САД кој по удар од полицаец останал парализиран ќе добие оштета од 100 милиони долари

Федералната порота во американскиот град Атланта донесе одлука на просјак да му се исплати отштета од 100 милиони долари, бидејќи полицаец пред четири години го удрил со пиштол за шок, по што тој паднал, го скршил вратот и останал парализиран.

dobivaj vesti na viber

На критично повредениот Џери Блесингејм (69) му треба 24-часовна нега која чини 1 милион долари годишно, а досега има собрано 14 милиони долари медицински сметки, изјави адвокатот Вејн Џонсон, пренесува АП.

Поротата одлучи дека полицаецот Џон Грабс употребил прекумерна сила против Блесингејм, кој молел возач на автомобил за пари на 10 јули 2018 година.

По инцидентот тој бил парализиран од вратот надолу.

Адвокатот на Блесингем, Кит Едвардс, го тужеше градот Атланта и Грабс, барајќи компензација за медицинските трошоци.

Тужбата на Едвардс наведува дека Блесингејм бил на улица и барал пари од луѓето кога пристигнале Грабс и уште еден офицер, гледајќи го како разговара со возачот.

Грабс излегол од полициското возило и му рекол на Блесингејм да застане, но тој побегнал, а по просјакот започнала потера.

Поротата утврди дека полицискиот оддел на Атланта треба да плати 60 милиони долари, а Грубс треба да ги плати останатите 40 долари, објавија TV-WXIA и Atlanta Journal-Constitution.

Можете да прочитате

Пронајден мртов рускиот министер за транспорт кој утринава бил разрешен

Потврдена смртта на 27 девојчиња и воспитувачи во кампот „Мистик“ по поплавите во Тексас

Израел ги нападна Хутите во Јемен