Хари Мегваер се уште не го напуштил Манчестер јунајтед икако што сега стојат работите тој ќе остане на „Олд Трафорд“.
Според последните информации, Вест Хем се откажал и се повлекол од трката за неговиот потпис, бидејќи Мегваер и Јунајтед се уште не ги договориле условите под кои тој би го напуштил клубот.
Наводно, Мегваер очекувал да му биде исплатен дел од платата, односно најмалку седум милиони фунти, бидејќи се согласил да игра за помала плата во Вест Хем.
Манчестер јунајтед ја прифати понудата од 30 милиони фунти, но не и да му плати на Мегваер.
Не треба да заборавиме дека Јунајтед за Мегваер плати околу 90 милиони евра.
Во овој преоден рок клубот се согласи за до продаде за три пати помала сума, но Мегваер реши да побара дел од платата од актуелната сезона, поради што Вест Хем ја повлече понудата.
Се на се, Мегваер со своите потези дополнително ќе ги налути навивачите, бидејќи доби добра понуда од Вест Хем, можеше да замине за пристојна отштета, но реши да ги прекине преговорите додека не ги добие парите од Манчестер јунајтед.