Утрински Весник
Свет

Пронајдено тело на кит во Норвешка осомничен дека собирал информации за Русија

2.jpg

Кит белуга со прекар Хвалдимир, кој првпат беше виден во Норвешка во близина на руските територијални води со електронска јака за која се верува дека се користи за шпионажа за Русија, беше пронајден мртов минатиот викенд.

Норвешката јавна телевизија НРК објави дека татко и син рибари пронашле тело на кит како лебди во заливот Рисавика на југот на Норвешка во саботата, пишува Гардијан.

Китот со кран е изваден од водата и со брод е пренесен на вештачење до блиското пристаниште.

Можете да прочитате

Трамп верува дека војната во Иран наскоро ќе заврши

ЕК ги повика земјите – членки навремено да се подготват за сигурно снабдување со нафта

Пезешкијан: Иран ќе одлучи кога оваа војна ќе биде завршена