Утрински Весник
Свет

Пронајдено тело на австриските Алпи: полицијата верува дека таму било 22 години

Пронајдено тело на австриските Алпи: полицијата верува дека таму било 22 години
Dik 300x250 mk

Планинарски водич пронашол остатоци од човек за кој се верува дека загинал во несреќа на глечер пред 22 години високо на австриските Алпи, соопшти денеска полицијата.

dobivaj vesti na viber

Телото беше пронајдено на глечерот Шлатенкис во националниот парк „Хохе тауерн“ во источната провинција Тирол, блиску до италијанската граница и на надморска височина од 2.900 метри.

Водичот ја известил полицијата во Лиенц, која го извлекла телото со помош на хеликоптер. Неколку метри под телото спасувачите пронашле ранец со пари, банкарска картичка и возачка дозвола. Полицијата утврдила дека, најверојатно, станува збор за посмртните останки на Австриец, кој во моментот на исчезнувањето имал 37 години, јавува „Асошиетед прес“.

Исчезнатиот носел опрема за скијање. Се прави споредба на ДНК за да се потврди идентитетот на мажот, а резултатот се очекува за неколку недели. Поради топењето на глечерите, за што многу научници вината ја наоѓаат во климатските промени, има сè повеќе откритија на останки на планинари, скијачи и други алпинисти, кои исчезнале пред неколку децении.

Во соседна Швајцарија полицијата минатиот месец објави дека ДНК-тестовите потврдиле оти телото пронајдено на глечер во близина на Матерхорн е на исчезнат германски планинар од 1986 година.

Можете да прочитате

Кошта: Проширувањето на ЕУ сега стана реална можност

Закана за бомба во авион? Драма во Вашингтон: Сите летови одложени…

Австралија ќе им обезбеди на жителите три часа бесплатна сончева енергија дневно