Утрински Весник
Балкан
300x250 opst2

Пронајдени телата на тројцата хрватски планинари кои загинаа во лавина во Словенија

20251006131922 big 730x400 16.webp.webp
300x250 opst2

Пронајдени се телата и на преостанатите двајца хрватски планинари кои вчера беа затрупани од снежна лавина под врвот на планината Тоск (2.275 метри надморска височина) во Јулиските Алпи во Словенија, јави словенечката агенција СТА.

Лавината вчера наутро однесе тројца планинари од Хрватска, а во текот на денот беше пронајдено телото на едниот од нив.


Претседателот на Шумската спасувачка служба на Бохињ, Миха Арх, кој ја води потрагата во која учествуваа повеќе од 70 спасувачи, изјави денеска дека лавината ги одвлекла планинарите во тесен клисурест предел околу 350 метри подолу.

На местото на несреќата денеска пристигнаа и министрите за внатрешни работи на Словенија и Хрватска, Боштјан Поклукар и Давор Божиновиќ.

Група од седум хрватски планинари вчера тргнала кон врвот на Тоск, но четворица се откажале поради лошите временски услови, додека тројцата загинати продолжиле со искачувањето.

Словенечката Шумска служба за спасување и полицијата ги предупредија планинарите овие денови да не одат во Јулиските Алпи, бидејќи временските услови се неповолни, снегот е тежок и мокар, а опасноста од лавини е исклучително висока.

Можете да прочитате

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас поднесе оставка како пратеник на Сириза

Уапсен поранешниот министер за одбрана на Црна Гора

Во Црна Гора убиен член на Шкаљарскиот клан: телото пронајдено во автомобил