Утрински Весник
Свет

Пронајдени телата на пет скијачи кај швајцарскиот ресорт Цермат

Sneg Planina.jpg

Телата на пет скијачи се пронајдени во близина на луксузниот скијачки центар Цермат во Швајцарија, потврдија локалните власти.

По алармот од планинари кои се искачувале на врвот Римпфишхорн (4.199 м), биле откриени неколку напуштени парови скии близу врвот. Тоа го покренало воздушното и копнено пребарување, што завршило со трагично откритие на глечерот Адлер, соопшти полицијата на кантонот Вале.


Жртвите биле пронајдени на различни надморски височини, на остатоци од лавина, во високи и тешко пристапни делови блиску до швајцарско-италијанската граница. Три тела биле најдени на една локација. Две тела биле повисоко, на тесна снежна површиna. Пронaјдени се пет пара скии, што потврдува дека се работи за една група

Идентитетот на жртвите сè уште не е официјално објавен, а јавниот обвинител отвори истрага за околностите на несреќата.

Цермат е познат како еден од најексклузивните скијачки ресорти во Швајцарија, омилен кај богати туристи од Велика Британија и Европа. Но, искачувањето на Римпфишхорн е предизвикувачка авантура, која бара околу пет часа пешачење и ноќевање во планински дом.

Во посебен инцидент во петокот навечер, четворица алпинисти беа заглавени на врвот Фишерхернер, во лоши временски услови со магла и силен ветер. Првиот обид за спасување беше неуспешен, но Air Zermatt успеа да ги евакуира по полноќ.

Можете да прочитате

Глечер уништи швајцарско село кое неодамна беше евакуирано

НАТО цели кон зголемување на бригдите за околу 50 отсто, тврди воен претствник

Поранешен француски хирург кој е обвинет за 111 силувања на деца осуден на 20 години затвор