Утрински Весник
Свет

Пронајдени телата на 7 мигранти кои се удавија при обид со брод да стигнат до Шпанија

Пронајдени телата на 7 мигранти кои се удавија при обид со брод да стигнат до Шпанија

Шпанската полиција денеска соопшти дека пронашла тела на седум мигранти за кои веруваат дека се удавиле додека се обидувале со брод да стигнат до Шпанија.

dobivaj vesti na viber

Телата се пронајдени меѓу саботата и понеделникот во водите во три области во близина на југоисточниот брег на Шпанија, соопшти Цивилната заштита, пренесе АП.

Полицијата верува дека сите седум жртви се по потекло од Северна Африка. Во тек е истрага дали жртвите дошле од чамецот кој беше пронајден како плута во саботата со еден жив мигрант.

Секоја година, илјадници мигранти од земјите на северозападна и субсахарска Африка се обидуваат да стигнат до Шпанија со чамци,пренесе Блиц.рс.

Можете да прочитате

Администрацијата на Трамп оптимистички настроена околу постигнување договор за прекин на војната во Украина

Макрон: Само Украина може да одлучува за своите територии

Сијарто: Унгарија води суверена политика