Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Пронајдени тајни документи во куќата на Трамп со чувствителни информации за Кина и Иран

Пронајдени тајни документи во куќата на Трамп со чувствителни информации за Кина и Иран
300x250 opst2

Во куќата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп се пронајдени чувствителни информации за Кина и Иран.

dobivaj vesti na viber

Високочувствителните разузнавачки информации за Иран и Кина се содржани во некои документи што ги пронашло ФБИ за време на августовскиот претрес на домот на поранешниот американски претседател во Флорида, објави денеска „Вашингтон пост“, цитирајќи луѓе запознаени со ова прашање.

Станува збор за тајни документи кои ја опишуваат разузнавачката работа поврзана со Кина, а барем еден од нив се однесува на ракетната програма на Иран, пренесува Ројтерс.

Објавувањето на информации од документите би донело повеќекратни ризици, вклучително и загрозување на луѓето кои ја помагаат работата на американските разузнавачки служби, цитира американски експерти.

Министерството за правда истражува дали Трамп го прекршил законот земајќи владини документи откако ја напушти функцијата во 2021 година, вклучително и околу 100 доверливи документи што ги преселил во својот имот на Флорида.

Можете да прочитате

Уапсен руски милијардер поради серија убиства

Тунижанец осуден на смрт поради статус на Фејсбук

Трамп му даде ултиматум до Хамас до недела во 18 часот