Утрински Весник
Македонија

Пронајдени осум тела откако се преврте чамец со мигранти во Дрина

Screenshot 2024 08 22 182803 Qszq7szjzghprkj3tdjg4hvd20c148vt3mp8l8g9eo.jpg

Телата на осум удавени лица се извадени од реката Дрина по превртувањето на чамецот во кој група мигранти се обиделе илегално да преминат од Србија во Босна и Херцеговина, соопштија од итните служби.

Припадниците на цивилната одбрана на Република Српска ги пронашле телата во Дрина кај Братунац, изјави за новинарите шефот на спасувачката екипа Влада Ранкиќ.

„Не ги знаеме точните информации за бројот на луѓе, досега се пронајдени осум тела. За жал, мислиме дека бараат бебе и мајка“, додаде тој.

Во вториот чамец имало 14 мигранти од Мароко, кои се приведени, соопшти полицијата во Зворник.

Според мигрантите кои успеале да стигнат до брегот, во чамецот имало околу 30 лица, а полицијата и пожарникарите на брегот пронашле 18 од нив, од кои три деца, соопшти претходно Министерството за внатрешни работи на Србија.

На терен се спасувачки тимови за цивилна заштита, припадници на граничната полиција на БиХ и Србија, нуркачи и пожарникари.

Можете да прочитате

Филипче: Со ВМРО-ДПМНЕ ќе останеме периферија и на Балканот

(Видео) Собир за Кочани во Скопје: Свесни сме дека институциите не постапуваат, од утре веќе нема да молчиме

Пораки на поддршка за семејствата на загинатите во Кочани, оставени на Плоштадот во Скопје