Утрински Весник
Македонија

Пронајдени два килограми марихуана во возило од Кочани, приведени четири лица

Пронајдени два килограми марихуана во возило од Кочани, приведени четири лица

На 26.07.2023 во 13.50 часот, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода Ѓ.П.(54) од село Ореше, општина Чашка, И.М.(47) од Струмица, Х.М.(37) од Кочани и Р.Г.(46) од село Богомила, општина Чашка.

dobivaj vesti na viber

По претходни сознанија и преземени мерки и активности, полициски службеници извршиле преглед во патничките возила „рено сеник“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Х.М. и „фолксваген голф“ со велешки регистарски, управувано од Ѓ.П., а во кои се превезувале и другите лица.

Притоа, во возилото „рено“ биле пронајдени околу два килограми марихуана.

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

По убиството во Охрид, Димоски: Македонија станува небезбедно место за живот

Шок во Скопје: 14-годишно девојче во поодмината бременост, случајот пријавен во полиција

„Наместо разбирање – медиумски линч“: Синот на Жарко Грозданоски со порака до јавноста