Утрински Весник
Македонија

Пронајдени 501 таблети екстази во стан во Скопје

Policija Navecer.jpg

Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против А.Б. (38) од Тетово поради тоа што му биле пронајдени 501 таблета екстази, а од судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во времетраење од 30 дена.

– На 09.09.2024 околу 01.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје го привеле А.Б. затоа што во станот во кој престојува со неговата девојка на подрачјето на Карпош во Скопје го нарушил јавниот ред и мир со физичка пресметка со нејзиниот татко. Подоцна, неговата девојка пријавила дека во станот пронашла ќеса со таблети, кои му припаѓале на А.Б.. Полициски службеници извршиле преглед во станот и ги одзеле таблетите. А.Б. бил задржан во полициска станица, каде во службен разговор признал дека таблетите се негови, се посочува во соопштението од МВР.

Можете да прочитате

Меџити тоа што не може да го блокира, го узурпира, реагира Ирена Витина

„Велибор Манев рече дека тука има закопано човек, на едно место покриено со гранки“, сведочат полицајци

Каранфилова-Пановска: Ќе бидам верен соработник во креирањето и спроведувањето на новите политики за промени на СДСМ