Утрински Весник
Свет

Пронајдена втората црна кутија по падот на авионот на Ер Индија

Image 2025 06 16 121650294.png

Спасувачките екипи го пронајдоа и снимачот на гласови од пилотската кабина (т.н. црна кутија), клучен елемент во истрагата за авионската несреќа на Ер Индија што се случи минатата недела.

Снимачот беше откриен во остатоците од авионот во западниот индиски град Ахмедабад, соопшти денеска Владата. Податоците од летот (flight data recorder) биле претходно извлечени.


Се очекува двете црни кутии да помогнат во утврдувањето на причините за трагедијата што се случи во четвртокот, кога авионот „Боинг 787 Дримлајнер“, на лет од Лондон, се урна во населба недалеку од аеродромот и се запали.

Според индиските медиуми, загинале најмалку 270 луѓе – патници и жители од населбата врз кои се урнал авионот, но официјална бројка сѐ уште нема бидејќи идентификацијата на жртвите е во тек.

Ер Индија соопшти дека на летот имало 241 лице, а преживеал само 40-годишен маж од Велика Британија.

Истрагата ја води индиската Агенција за истрага на воздушни несреќи, а учествуваат и експерти од американскиот Национален одбор за безбедност во сообраќајот, бидејќи авионот е произведен во САД.

Вчера, главниот секретар на премиерот Нарендра Моди, Прамод Кумар Мишра, ја посети државата Гуџарат за да го координира одговорот, истрагата и поддршката за семејствата на жртвите. 

Можете да прочитате

Инцидент на карневал во САД: Убиени три лица, меѓу кои и бебе

Израел ја погоди зградата на иранската државна телевизија – програмата прекината

Нетанјаху: Израел има две цели во Иран