Утрински Весник
Свет

Пронајден скелет во Сутоморе, се утврдува дали е лице кое исчезнало во 2017 година

Пронајден скелет во Сутоморе, се утврдува дали е лице кое исчезнало во 2017 година

Човечки останки се пронајдени во околината на заливот Штрбина, во Сутоморе, а полицијата и обвинителството се обидуваат да го утврдат идентитетот и причината за смртта.

dobivaj vesti na viber

Според „Вијести“, остатоците од скелетот биле пронајдени синоќа, во шумата над тој залив, а истрагата денеска ја спровеле припадници на полицијата и обвинителството.

По извршената истрага, остатоците од скелетот и пронајдените предмети на тоа место се испратени на вештачење во одделението за судска медицина.

Извор близок до истражителите изјавил дека поради пронајдените предмети на местото на настанот се проверува дали се во врска со лицето кое исчезнало во 2017 година.

Можете да прочитате

ЕУ ќе понуди договор од 50 милијарди долари за да ги избегне царините на Трамп

Медведев: Украина плаќа со ресурси за американската помош

Епл очекува дополнителни трошоци од 900 милиони долари поради тарифите на Трамп