Утрински Весник
Македонија

Пронајден кокаин во кафеана во гостиварско, меѓу уапсените е и една малолетничка

Kokain23 2.jpg

Од МВР информираат дека при претрес во угостителски објект во гостиварско, била пронајдена дрога, поради што биле уапсени четири лица.

-На 31.01.2026 во периодот од 19:30 до 22:45 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишија од слобода Ш.Ш.(51), М.Х.(23), Ф.Ш. (53) од с. Чегране и 17-годишна малолетничка од с. Волковија. По претходно добиени оперативни сознанија и судска наредба, извршен е претрес во угостителскиот објект во с. Чегране, сопственост на првопријавениот, при што кај М.Х. се пронајдени и одземени шест паковки со кокаин. Во помошна просторија на објектот бил пронајден гасен пиштол, додека во фиока од комода била пронајдена прашкаста материја и пари. Ш.Ш. и М.Х. се лишени од слобода, а во врска со кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, казниво по член 215 од Кривичниот законик, од слобода се лишени и Ф.Ш. и 17-годишна малолетничка. По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, информораат од МВР.

Можете да прочитате

Како пет тона дрога завршиле во Србија преку Македонија, прашуваат од СДСМ

10годишно девојче повредено од заталкан куршум во општина Сарај

Бујар Османи во работна посета на Вашингтон