Утрински Весник
Македонија

Промоција на прирачник за читачки навики „Лектирата не е бауч“

20240606165540 Big 730x400 65.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

На ФОН Универзитетот денеска ќе се одржи промоција на прирачникот „Лектирата не е бауч“ од доц. д-р Габриела Неделкоска, проф. д-р Љубица Кардалеска-Радојкова и проф. д-р Татјана Срцева-Павловска.

Овој прирачник, соопштуваат авторите, е базиран на искуствени практики и е резултат на длабинска анализа и истражување на читачките навики кај младите.

Прирачникот содржи серија на предлог-активности за инкорпорирање на нови, интердисциплинарни содржини во рамки на наставните програми за часовите по лектира за основното и средното образование, но и одредени насоки за користење дигитални алатки кои би го осовремениле едукативниот процес.

Согледувајќи ја лектирата како зададено четиво од повеќе перспективи и потпирајќи се на теориска и емпириска проверка, во прирачникот се нудат методички пристапи што воедно претставуваат примери на добра пракса, наведуваат авторите на прирачникот.

Овој мал прирачник изобилува со иновативни начини на обработка на лектирата без намера тие да се бидат сфатени како нејзина замена, едновремено истакнувајќи го значењето на книгата и нејзината поврзаност со прашања како длабоко читање, читање со разбирање, како и читањето во дигиталната ера, особено во услови на сѐ поприсутна маргинализација на убавиот пишан збор, додаваат авторите.

Можете да прочитате

Презентација на наоди од истражување на инциденти на насилство врз млади жени и девојки

Македонија со 2 автобуса на 1000 жители над европскиот просек од 1,6

Ратификацијата на Договорот за меѓуграничниот железнички тунел со Бугарија пред пратениците