Утрински Весник
Македонија

Промоција на монографијата „75 години Танец“

20251119184328 big 730x400 21.webp.webp

Ансамблот за народни игри и песни „Танец“ вечер од 18 часот во мултимедијалната читалница на НУБ „Св. Климент Охридски“-Скопје ќе ја промовира монографијата „75 години Танец“ која содржи материјали од архивата на ансамблот.

– Ова значајно издание, кое го трасира богатиот пат и наследство на „Танец“ во текот на седум и пол децении, претставува ризница на документи, фотографии и сведоштва за неговата културна мисија како најзначаен презентер на македонското фолклорно творештво. Ова капитално монографско дело е резултат на темелното истражување и архивирање на историската граѓа на институцијата, соопшти „Танец“. 

Ансамблот „Танец“, симбол на македонската традиција и култура, официјано е формиран во мај 1949 година со указ од тогашната влада и со цел да го одржува, негува, чува и збогатува македонскиот фолкор.

Можете да прочитате

Коцевски открива: Постапката за Кочани води до масовни приведувања во УЈП

Пациентка сведочеше за примање терапија надвор од стандардна процедура во случајот „Онкологија 2“

Пиштол и куршуми пронајдени кај стружанец