Утрински Весник
Македонија

Промоција на интегрирани туристички понуди на Осогово и Малешево

Промоција на интегрирани туристички понуди на Осогово и Малешево

Интегрираните туристички понуди во Брегалничкиот Регион се производ на Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија – излезна фаза, проект на Владата на Швајцарија, координиран од „Фармахем“ од Скопје.

dobivaj vesti na viber

По прогласувањето на дел од Осоговските Планини (2020) и Малешево (2021) за заштитени подрачја, регионот добива нова можност за развој во насока на подобрување на социо-економските услови за живот, во хармонија со природата.

Како дел од компонентата за развој на активен, одржлив, алтернативен и рурален туризам, во рамки на проектот во изминатава година се спроведоа активности за подобрување на туристичката услуга во регионот и внесување нови како и подобрување на постоечките содржини кои се нудат. Заедно со тур-операторите Balkan Prime Tours и Mountain experience беа поддржани 8 различни даватели на услуги од областа на туризам кои нудат автентични активности за туристи, без негативно влијание врз околината.

Заштитените подрачја и нивната околина треба да се развиваат во насока на одржливо користење на природата, зачувување на локалните традиционални обичаи и начин на живот, промоција на убавините кои ги имаат и мотивација за населението кое живее таму да престане да ги следи трендовите на миграција кон урбаните средини или надвор од државата.

Поддржаните иницијативи вклучуваат: работилница за рачно изработен сапун од природни состојки http://mysoap.eu.mk/ во Мојот сапун, посета и престој во Едукативен центар за зачувување на природата во Негрево https://ecnegrevo.mk/ , ранч за коњи и терапија со животни Countryside retreat https://the-countryside-retreat.business.site/ , дегустација и престој на овчарска фарма Агро Чука, часови по традиционална музика во етно-културен центар Алачки во Владимирово, планински велосипедизам на Осогово и Малешево преку здружение на граѓани за развој на заедницата од Берово и хотел Гратче https://www.facebook.com/eurohotelgradce и апитерапија на пчеларска фарма Кладенче.

 

https://www.facebook.com/profile.php?id=100086596175179

Повеќе од 10 години, Владата на Швајцарија преку Програмата за зачувување на природата помага за одржлив развој на Брегалничкиот регион преку спроведување на низа активности поврзани со зачувување и промоција на биолошката разновидност. Повеќе информации за проектот може да се најдат на http://www.bregalnica-ncp.mk/dokumenti/.

(ПР)

Можете да прочитате

Укината е забраната за сообраќај за тешки товарни возила преку планинскиот превој Стража

Николовски: Царинската управа ги затегна чешмите, се оди во Буџетот, рекордна наплата на приходите 

СДСМ: Орекстриран страв за бегање од одговорност- кукавички обид на ДПМНЕ за префрлање вина врз СДСМ