Утрински Весник
Македонија

Промоција на Глобална македонска фондација „Вечна“ во Скопје

20250514204338 big 730x400 92.webp.webp

Денес, во Музејот на македонската борба, ќе се случи промоција на новоформираната културно-научна фондација, именувана Глобална македонска фондација „Вечна“ во Скопје.

Фондацијата е замислена како мост на соработка меѓу науката, македонските иселеници и бизнис заедницата.


Според официјалното соопштение од организаторите, “Фондацијата е посветена на зачувување и промовирање на македонската историја, култура и идентитет преку истражување, образование и стратешки иницијативи.”

Меѓу останатото, целта на фондацијата е и обезбедување стипендии и финансиска помош за млади истражувачи и научници, како и поддршка на културни иницијативи и проекти.

На промоцијата ќе се обратат Ацо Крстески, ко-основач на ГМФВ, проф. д-р Љубомир Кекеновски, доц. д-р Бранислав Светозаревиќ-Покорни и д-р Мимоза Рајл.

Со овој свечен чин започнува патот на една визија за глобално македонско единство и научна вистина, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

СДСМ: Владата на продолжен викенд, сега задолжително да ги прифати сите решенија на СДСМ за намалување на цените 

Денес се празнуваат Светите четириесет маченици во Севастија

Променливо облачно време со сончеви периоди