Утрински Весник
Македонија

ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ СО ЧЕСТИ ВРНЕЖИ: Дожд, снег и зголемување на снежната покривка на планините и на Скијачките центри

Screenshot 20241206 110456 Gallery.jpg

До средината на следната седмица во Македонија продолжува периодот на многу променливо време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. На планините, повремено и на повисоките места особено во западните и во северните предели ќе има врнежи од снег, а на планините, секако и на Скијачките центри снежната покривка ќе се зголемува.

Да напоменам дека снежната граница, во погоре споменатите предели би можела да се спушти до околу или под 1000 метри надморска височина.

Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, и истиот повремено ќе засилува на интензитет.

Во Скопскиот регион исто така до средината на следната седмица ќе има повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, додека на околните планини повремено ќе врне снег.

Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 11 степени, додека повремено во централните и во југоисточните предели тие ќе се искачат и до околу 13, 14 степени.

Барем одсега гледано, од средината на следната седмица ни доаѓа нов ладен бран кој позначително ќе ги спушти температурите на воздухот, но многу појасни информации околу ова ќе имам во деновите кои се пред нас.

Можете да прочитате

Земјотрес ги разбуди скопјани – Епицентарот во Албанија

Груби се повлекува од јавниот живот

Мијалков му беше главен ментор на Груби, вели Изет Меџити