Утрински Весник
Македонија

Променливо облачно време со сончеви периоди и ветер

Veter 4 .jpg

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди освен во крајните југозападни делови каде има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен, во западните делови наместа повремено засилен ветер од западен и југозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 23 степени.


Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен југозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 20 степени.

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса во недела најпрвин во западните, а во текот на ноќта и во понеделник претпадне, ќе има врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и поројни со услови за појава на грмежи, соопшти УХМР.

Поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 30 l/m²) и засилен ветер се очекуваат во текот на ноќта, особено во западните делови од земјата. Од вторник температурите ќе бидат во опаѓање.

Можете да прочитате

ССМ утре ќе го блокира Собранието

СДСМ: Нема одговор како 5 тони дрога поминала преку граница и кој сѐ е вмешан

ВМРО-ДПМНЕ: Заев креирал предмети во СЈО, од СДС креирале и лажни предмети за судии, дали и ова СДС на Филипче ја има истата стратегија