Утрински Весник
Македонија

Променливо облачно време со сончеви периоди и слаб до умерен ветер

Vreme Veter Vetrovioto.jpg

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, ќе дува слаб до умерен, наместа во западните делови повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди, ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.

Од вторник до сабота, како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, ќе преовладува претежно облачно време со локални врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во четврток, а на повисоките планини ќе има услови за врнежи од снег. Во вторник и среда ќе дува умерен до засилен ветер од јужен, а во деновите потоа од северен правец.

Можете да прочитате

Димитровски – Силвер: САД ја гледаат Северна Македонија како стабилен партнер во турбулентна геополитичка средина 

Владата одзеде уште 6 лиценци за одгледување на канабис 

Николоски во Вашингтон на средби во Светска Банка: Инвестираме во инфраструктурата и транспортот, соработката со Светска банка е на високо ниво