Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне претежно во западните и северните делови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 10, а максималната ќе достигне од 16 до 21 степен.
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 20 степени.
Утре времето ќе биде посончево и потопло. Од недела ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а од понеделник на повеќе места се очекува да биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.