Утрински Весник
Македонија

Променливо облачно со сончеви периоди, кон крај на денот локални врнежи од дожд

Vreme 1.png

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта се очекува да има локални врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни.

Од УХМР соопштуваат дека ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.


Во Скопје, претпладне сончево со умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголеми, а во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 26 степени.

Од утре, пак, се очекува опаѓање на дневната температура и обилни врнежи од дожд со над 30 литри на метар квадратен, додека на повисоките планини со услови за повремен снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер со над 60 километри на час, особено вдолж Повардарието. Во деновите од викендот и во понеделник ќе има услови за слаб локален дожд, а дневните температури повторно ќе бидат во пораст.

Можете да прочитате

Кос: Уставните измени се единствен услов за ЕУ, манастирите, погачата и пинџурот се вашиот идентитет

Уставниот суд се иззема за предлог законот за независните кандидати

Средба на директорот на Бирото за јавна безбедност Јанев со генералниот комесар на литванската полиција, генерал Паулаускас