Утрински Весник
Македонија

Променливо облачно со сончеви периоди

Esen 1.webp.webp

Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб, a вдолж Повардарието умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени, информира УХМР.

Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на слаба магла. Во текот на денот променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 12 степени.

Во текот на оваа седмица нашето подрачје ќе се наоѓа во поле на висок воздушен притисок кој ќе услови стабилно и релативно топло време. По одделни котлини во претпладневните и ноќните часови ќе има појава на магла, поради што дневната температура ќе биде пониска

Можете да прочитате

Февруари во Кинотеката: Тивки гласови, силни приказни и филмот како чин на сеќавање

„Децата ни изгореа, а вие зборувате за небрежност“ – таткото на загинатата Надица со жестока порака до адвокатката Коцевска

Полициска акција во Аеродром – Апсења, дрога и одземен мотоцикл