Утрински Весник
Македонија

Променливо облачно со повремен дожд

Oblacno Ezero.webp.webp

Времето денеска ќе биде променливо облачно во повремен локален дожд во утринските часови и со кратки сончеви периоди во текот на денот. Кон крај на денот и во текот на ноќта повторно ќе има локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната од 9 до 14 степени.

Во Скопје, слично време со повремени врнежи од дожд, особено во утринските часови и кон крај на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 12 степени.

И во следните денови продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер, кон почетокот на новата седмица врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и на некои од повисоките места.

Можете да прочитате

Седница на Унијата на албански општини низ Балканот – Касами најави Иновативен центар, младите ќе се обучуваат за пазарот на трудот

Инцидент во Битола: Дел од плафонот паднал во Големата сала во Центарот за култура 

Инцидент во Битола: Дел од плафонот паднал во Големата сала