Утрински Весник
Македонија

Променливо облачно со локални врнежи од дожд, особено претпладне

Врнежи од дожд со умерен ветер, температурата до 12 степени

Времето денеска ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, особено претпладне. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје претпладне со повремени врнежи од дожд, попладне променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 13 степени.

Во наредните денови следува период на променливо облачно време повремено со појава на дожд претежно во западните делови од земјата, а ќе дува слаб до умерен претежно јужен до југозападен ветер кој поинтензивен ќе биде во понеделник. Услови за поинтензивен дожд ќе има кон крајот на работната недела.

Можете да прочитате

На Клиниката во Козле има 70 деца, 10-ина се на кислородна поддршка, хоспитализирани се и 15 деца со компликации од грип

МЗ: Првпат се регулираат сите никотински производи со новиот предлог-закон за заштита од пушењето

Струмичанец со пушка убил куче, полицијата го уапси