Утрински Весник
Македонија

Променливо облачно со локален пороен дожд во западните делови

Oblacno 1.jpg

Времето денеска ќе биде променливо облачно со локална појава на пороен дожд и грмежи, претежно во западните делови. Долж Повардарието ќе дува засилен северен ветер. Минималната температура ќе се движи од 13 до 22, а максималната ќе биде во интервал од 27 до 37 степени Целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје ќе биде  сончево и топло со мала до умерена облачност со ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде 18, а максималната ќе достигне до 35 степени Целзиусови.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), од понеделник ќе преовладува сончево и топло време со слаб до умерен северен ветер, поизразен долж Повардарието. Во планинските подрачја ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. 

Можете да прочитате

ОКТА: Почнавме со иницијатива за поддршка на потрошувачите, по дополнителните количини гориво набавени преку продуктоводот ВАРДАКС

Работничка тешко повредена во фабрика во Охрид

Извозот на ИКТ услуги од Македонија надмина 676 милиони евра во 2025 година