Утрински Весник
Македонија

Променливо облачно, претпладне со повремен локален дожд

Vreme 1.webp.webp
Dik 300x250 mk

Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со повремен локален дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а наместа во западните делови повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4до 12, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, претпладне во делови од котлината со повремен слаб дожд. Ќе дува слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 23 степени.

Од УХМР најавија дека во следните денови времето ќе биде стабилно и релативно топло, освен во петок кога ќе има услови за повремен локален дожд и појава на ретки грмежи. 

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Предноста на Орце Ѓорѓиевски во Скопје со разлика од над 60 илјади гласа е недостижна

Мислел дека брат му сака да му го земе имотот, па го убил со тесла! Обвинение за хоророт во Кавадарци

Брз влажен и поладен воздушен бран од северозапад ќе помине над Македонија – На високите планини ќе завее и снег