Утрински Весник
Македонија

Променливо облачно, попладне и во текот на ноќта со врнежи од дожд

Vreme 1.png
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, локално проследени со грмежи. Врнежите ќе бидат пообилни, особено во јужните делови каде ќе наврнат од 20 до 30 литри на квадратен метар, а во останатите делови од 10 до 15  литри на квадратен метар. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 25 степени Целзиусови.


Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), и во деновите на викендот ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен локален дожд. Утре ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер, а в недела попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Можете да прочитате

Постуден јануари со можни снежни бранови низ регионот

Пијан таксист вечерва прегазил млада девојка во Кисела Вода

Експлозија на електричен бојлер повреди маж во Свети Николе