Утрински Весник
Македонија

Променливо облачно, наместа со пороен дожд и грмежи

Vreme 2.webp.webp

Времето денеска ќе биде променливо облачно, наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 20 l/m²), засилен ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на град.

Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно, попладне и во текот на ноќта нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме.


И во четврток времето ќе биде променливо облачно, наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 20 l/m²), засилен ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на град. Потоа следува период на претежно стабилно време со слаб до умерен северен ветер.

Можете да прочитате

Жена со нож го повредила сопругот во Кавадарци

Михаилов: Нема застанување – конфискувани 5 запрежни коли со нелегални дрва 

Алијансата за Албанците ќе го обжалат Законот за прекршоци до Уставниот суд