Утрински Весник
Македонија

Променливо облачно и ветровито со ниски утрински температури

OblachnoSkop e 1.webp.webp

Синоптичарите за денеска најавуваат променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието, повремено засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 0, а максималната од 2 до 11 степени. Во Скопје, слично време со умерен до засилен северен ветер.

Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 8 степени.

Во следните денови времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури и со умерен, а долж Повардарието и во источните делови, повремено засилен ветер од северен правец.

Можете да прочитате

Стојанов: Во име на парите и криминалот ни отидоа децата

Кривични пријави за три локали во Аеродром – точеле алкохол на малолетници

Мицкоски на пуштање во употреба на реконструираниот Регионален центар за средно стручно образование „Моша Пијаде” во Тетово