Утрински Весник
Македонија

Променливо облачно и ветровито со локален дожд и грмежи

Vreme 7.webp.webp
Dik 300x250 mk

Времето денеска ќе биде променливо облачно, ветровито и нестабилно со локален дожд и грмежи. Ќе дува засилен, наместа силен западен ветер (над 70км/ч.) во форма на невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Во делови од котлината ќе биде нестабилно, краткотрајно во форма на невреме со засилен до силен југозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 34 степени.


Во сабота во западните делови ќе има повремен дожд. Ќе дува северен ветер кој ќе продолжи и во недела и ќе услови опаѓање на дневната температура. Потоа времето ќе биде стабилно со благ пораст на дневната температура. 

Можете да прочитате

Пообилен дожд во западните делови, ќе престанат утре попладне

Почина пејачот и режисер Диме Поповски

После 7 месеци, пронајдена дамата херој од кочанската болница