Утрински Весник
Македонија

Променливо облачно и релативно топло време

Zima Sonce 750x430 1.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

За денес УХМР најавува променливо облачно и релативно топло време, претпладне по одделни котлини со појава на магла. Во текот на денот ќе има повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 10 до 15 степени.

Во Скопје, променливо облачно и релативно топло, претпладне во делови од котлината со појава на магла и услови за слаб дожд. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 15 степени.


Управата за хирометеоролошки работи (УХМР) информира дека утре времето ќе биде променливо облачно, на повеќе места ќе има вренежи од дожд, локално пообилни (до 15 литри на метар квадратен), а во текот на ноќта кон понеделник на планините и на некои повисоки места претежно во западните и северните делови врнежите ќе бидат од повремен снег. Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен северен ветер и дневната температура ќе биде пониска. Во деновите потоа времето ќе биде стабилно со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст.

Можете да прочитате

Удрил во три паркирани возила, контејнери, возила во движење и семафор, косовски државјанин предизвика хаос во Центар

Левица: ДПМНЕ нуди козметички измени за спас на функционерите

Манасиевски: Филипче е должен да одговори колку пари има инвестирано во Дубаи за да добие златна виза