Утрински Весник
Македонија

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време (над 25 l/m²), засилен ветер (над 60км/ч.) и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 18, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје ќе биде променливо облачно и нестабилно со врнежи од дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 23 степени.

Под влијание на циклонска активност и утре ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи, а на повеќе места ќе наврне поголема количина на воден талог (над 25 l/m2 за 24 часа). Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, засилен ветер (над 60 km/h) и изолирана појава на град. За време на викендот врнежите ќе бидат локални и проследени со ретки грмежи, а ќе дува и засилен северен ветер.

Од понеделник времето ќе биде стабилно и потопло.

Можете да прочитате

Владата задоцни, народот сам гаси, Димитриевиќ од Дојран со жестока критика

Армијата активно е вклучена во гаснењето на пожарите на територијата на државата

Херојот на Скопје: Пожарникарот Тони Пигуловиќ 48 часа во борба со пламените јазици