Утрински Весник
Балкан

Производители на млеко во Србија протестираат со истурање млеко

Mleko.jpg

Здружението на одгледувачи на говеда на Централна Србија најави блокада на патот Крагуевац-Книќ во среда, 11 февруари, со истурање неколку тони млеко. Како што изјави претседателот Милија Паламаревиќ, протестот е реакција на постојаното намалување на откупната цена и неактивноста на државата.

Производителите бараат итно враќање на откупната цена на млекото над 40 динари, воведување субвенции за млечни производи и заштита на домашниот пазар преку квоти, антидампинг мерки и контрола на увозот. Паламаревиќ предупредува дека младите земјоделци се во ризик од пропаѓање ако состојбата продолжи.

Можете да прочитате

Населението на Турција се зголеми за 427.224 луѓе во 2025 година и сега надминува 86,9 милиони

Грчката полиција разби мрежа за шверц на цигари: Уапсени 26 лица, запленети над 14 милиони цигари

МВР полковник Миловиќ за киднапирањето на Кајмакоски: Станува збор за брзоплет и непланиран криминален чин