Утрински Весник
Балкан

Производ кој се користи како храна за бебиња се повлекува во Србија

Zname na srbija.jpg

Производот ,,Аптамил АР2”, кој се користи како храна за бебиња се повлекува од српскиот пазар. Овој производ кој се користи како превентивна мерка, министерството за здравство на Србија информираа дека се повлекува.

Информациите во врска со повлекувањето производот, произведен од „Нутриција Експорт БВ“ од Холандија, беа доставени до Одделот за инспекциски работи на ова Министерство.

Здравствениот дефект на производот го утврди производителот.

„Сите споменати серии се во процес на повлекување“, се вели во соопштението на Министерството.

„Аптамил АР 2“ беше повлечен и од хрватскиот пазар во јануари оваа година. Станува збор за преодна храна за шестмесечни бебиња, која се користи за посебни медицински потреби. Потоа производот беше повлечен поради можно присуство на цереулиден токсин, како што објави во јануари Државниот инспекторат на Република Хрватска.

Можете да прочитате

Турција планира целосна забрана за продажба на тутунски производи до 2040 година

Конститутивна седница на новиот словенечки парламент, најавени предизвици

Албанија го отвора патот за производство на бродови и борбени беспилотни летала